Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде бела прашкаста материја кај 49-годишно лице од Охрид

Охрид, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2024 година, во 21:45 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 49-годишно лице од Охрид.

– При преглед во патничко возило кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука