Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна со работа Buzz Shop во центарот на Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 1. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите љубителни на sneaker културата во Охрид конечно имаат повод за радост – Buzz Sneakers Station пристигна во центарот на Охрид.

На 1-ви февруари големо отворање со попусти од 20% до 40% на целиот асортиман се’ до 5-ти февруари.

Со својот нов и модерен ентериер, како и сегментираната понуда на модели од најголемите светски брендови, продавницата Buzz ќе го пренесе духот на големите светски метрополи и на бреговите на Охридското Езеро.

Buzz е место кое ги спојува потрошувачите од различни области на урбаното живеење како главна станица за сите љубители на добри и поразлични патики, кои сакаат со своите патики да остават личен печат на секоја комбинација и со тоа да го негуваат и градат сопствениот уникатен стил. Ако сакате први да прошетате со нови патики кои ги следат најновите светски модни трендови, тогаш Buzz е вистинскиот избор за вас.

Премиум моделите на Nike, Jordan, Adidas, Vans, New Balance, Puma, Reebok, Converse, Napapijri и многу други се само мал дел од моделите кои можете да ги најдете во Buzz Shop во Охрид.

Мисијата на Buzz е да промовира нова култура, да носи новитети од локалното и глобалното опкружување преку внимателно одбрани колекции и оригинален начин на презентирање на производите. Buzz е дестинација за сите љубители на патики и една и единствена Sneaker Station продавница во Македонија.

Се гледаме на 1-ви февруари на шеталиштето во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука