Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Финално одбројување: Охриѓани имаат уште 10 дена за да извадат нови документи

Охрид, 2. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започна финалното одбројување, а охриѓани се на десет дена до денот кога истекува рокот за вадење нови документи.

Тие секојдневно се во обид да ги извадат или подигнат, а шалтерите во објектот на Пожарната скоро постојано се полни со граѓани кои стрпливо чекаат за да ја исполнат својата обврска.

Издадени се над еден милион и 200 илјади пасоши со новото име од вкупно околу два милиона и 500 илјади, колку што треба да се заменат.

Од МВР информриаат дека нема да има казни доколку граѓаните не успеат да ги извадат новите документи до 12-ти февруари кога истекува рокот, но и нема да можат да патуваат во странство.

Со договорот од Преспа, македонските власти се обврзаа да ги сменат сите лични документи на граѓаните во Македонија, на кои ќе треба да стои новото име. Трошоците за промена на документите се на сметка на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука