Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица: Зголемени давачките за колекторскиот систем, 63 денари за физичките и 105 денари за правните лица

Охрид, 3. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јавното претпријатие „Колекторски систем“ воведе нов фиксен надомест за одржување на колекторскиот систем преку кој физичките лица ќе доплаќаат 63 денари и правните лица ќе плаќаат 105 денари. Ваков тип на услуга не им беше калкулирана во досегашните фактури на охриѓани, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Со ова поскапување ќе се зголеми товарот на охриѓани на кои од ден на ден се повеќе им е отежнато менаџирањето на сопствениот буџет поради зголемувањето на цените за останатите услуги кои се неопходни за егзистенција. Потсетуваме дека од први јануари и во сметките за струја се воведе нова давачка за пристап до мрежа, додаваат од партијата.

Потсетуваат дека Јавното претпријатие „Колекторски систем“ го презеде Владата на Република Македонија и таа управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, но на овој систем му е потребна темелна реконструкција затоа што поради остварување личен профит на сите досегашни врвови на овој систем, колекторот е пред колапс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука