Забава Избор

Поради големиот интерес, втор концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Македонска Филхармонија

Охрид, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради големиот интерес, во продажба се пуштени билетите за вториот концерт на нашите Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационална сцена, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската Филхармонија.

Вториот концерт ќе се одржи во сабота на 17-ти февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.

Покрај меѓународниот успех и соработки, тројцата музички уметници и автори ги поврзува безвременоста на музиката која ја создаваат со фантастичен сензибилитет и оригиналност во нивните беспрекорни изведби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука