Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Болницата „Св. Еразмо“ ги подобри условите за пациентите кои имат потреба од хидротерапија

Охрид, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“, ги заврши активностите за набавка и монтажа на опремата.

Центарот за физикална терапија се збогати со две кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и хидрауличен лифт за базен.

– Оваа опрема директно ќе влијае врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел, подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациентите кои имаат поголеми потешкотии при движењето, информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Додаваат дека проектот е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и кофинансиран од страна на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука