Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува судското рочиште за нападот врз Христијан Пендиков

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако на 1. декември 2023 година беше одложен процесот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб, во Основиот суд во Охрид денеска треба да се одржи ново рочиште.

На последното рочиште, Пендиков кажа дека обвинетите му нанале тешки телесни повреди и го навредувале на национална основа дека се чуствувал како Бугарин.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари пред угостителски објект на Кеј „Македонија“ во Охрид. Случајот предизвика сериозни тензии во односите меѓу Софија и Скопје.

Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено лично од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука