Забава Избор

Д.Н.О го издаде новиот сингл „Експлозија“

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Групата Д.Н.О го издаде новиот сингл „Експлозија“.

Македонските музичари кои го формираа бендот во 1999 година за песната која е работена во „Спална Соба Рекордс“ и „Алшар“ студио, снимија и видео запис кој го изработи Никола Серафимовски.

Во снимањето на песната учествуваа: Владимир Поп-Христов вокал и бас, Бодин Попов тапани, Филип Попов и Филип Павловски на гитари и Петар Лукиќ зад клавијатурите.

Д.Н.О. своето деби-издание го објави во 2004 година, под името „Тишина“, а материјалот беше отпеан и на македонски и на англиски јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука