Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени две млади лица од Охрид, при преглед, едното се обидело да фрли кеса со марихуана

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми февруари 2024 година, во 17:55 часот во близина на спортски комплекс во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на возраст од 20 и 22 години, затоа што при преглед кај нив едното од лицата се обидело да фрли кеса со марихуана.

– Дрогата е одземена и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука