Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 22 литри на м2 воден талог

Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 22 литри на метар квадратен воден талог.

– До 07:00 часот утрово наврнаа 34 литри на метар квадратен воден талог во Струмица, 29 во Крива Паланка, 24 во Пожаране, 22 во Претор и Берово, 20 во Маврови Анови, Попова Шапка, Охрид, Виница и Гевгелија, 18 во Тетово, 17 во Крушево, 16 во Штип, 15 во Куманово, 11 во Дојран, 10 во Битола, Дебар и Кавадарци, потенцираат од УХМР.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на влажен бран и денес ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Локален слаб дожд ќе има и утре, а потоа следува период на стабилно време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука