Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните можат да патуваат во Албанија и Косово со стара лична карта

Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во моментов само две соседни држави дозволуваат македонските граѓани во нив да влезат со стари документи.

На граничниот премин со нашиот западен сосед Албанија денеска се влегува и со стара лична карта, со стара возачка и со стара сообраќајна дозвола. Не се бараат ниту налепници на регистрацијата на вашиот автомобил. Слична е ситуацијата и на границата со Косово.

Во Србија утрово не се влегуваше со стара лична карта, но се очекува тоа да се промени. Во Грција и Бугарија се почитуваат новите правила и таму не се влегува со стара документација. (Крај)

извор: Либертас фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука