Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Владата донесе одлука за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи

Скопје, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните.

Во таа насока задолжено е министерството за внатрешни работи да ги преземе соодветните правни акти, согласно што возачките и сообраќајните дозволи коишто треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест.

Исто така, на седницата е задолжено и министерството за надворешни работи, да ги преземе соодветните активности со коишто ќе се овозможи издавање на патните листови без надомест за сите државјани кои живеат надвор од Република Македонија и имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Дополнително МНР е задолжено да ги преземе потребните активности, таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, издавањето на патните листови да се олесни и доставата на патниот лист ќе може да биде извршена преку брза пошта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука