Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведен крадец во Охрид

Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти февруари 2024 годниа, во 20:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 66-годишно лице од Охрид.  Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец“ во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука