Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајна несреќа кај „Стража“, загина 49-годишно лице од Охрид

Тетово/Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај превојот „Стража“.

– Според СВР Тетово, околу 12:00 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил марка „Фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Возачот на возилото „Шаран“, 49-годишниот Б.Н. од Охрид починал на самото место, а три лица, странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука