Забава Избор

Дамјан Пејчиноски квинтет одржа одличен концерт во Бања Лука

Бања Лука, 24. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пред бројна публика, синоќа во концертната сала на Бански двор, културниот центар на Бања Лука, Република Српска, се одржа концерт на македонската џез група Дамјан Пејчиноски квинтет.

– Со овој концерт, музичарите само ги потврдија позитивните коментари на музичката критика дека свират со извонредна техника, многу самодоверба и музичка зрелост. Со својата музика, тие успеваат даја пренесат пораката, порачаа организаторите по настапот на музичарите.

– Благодарам Бања Лука за неверојатната вечер, напиша Дамјан по концертот.

Овој реномиран џез квинтет го сочинуваат искусни музичари: Дамјан Пејчиноски на гитара, Горан Ѓешовски на бас гитара, Дино Милосављевиќ на тапани, Гордан Спасовски на клавијатури и Зоран Јагоридовски на перкусии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Борислав Брезо

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука