Забава Избор

SUPER Fresh music: Conan Gray – Lonely Dancers

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поп сензацијата Conan Gray ја претстави носталгичната „Lonely Dancers“, која е четврт сингл од неговиот долгоочекуван трет студиски албум „Found Heaven“.

Со оглед на тоа што уметникот е познат по своите приказни за невозвратена љубов и осаменост, овој сингл без сомнение ќе најде место во срцата на обожавателите. Пејачот се навраќа на возбудливата вечер во која и’ се доверува на комплетен странец и е подготвен да заборави на својата стара љубов на една ноќ, танцувајќи со девојка која исто така е осамена и е во потрага по нова возбуда.

Новиот албум се очекува да биде сосема нов почеток за Conan, пред се’ поради промената на звукот и силното влијание на 80-тите, со кои уметникот тргнува да го следи трендот што ја освои планетата.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука