Избор Македонија Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Божиновски: Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид предизвикаа удар врз туризмот и економијата

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Македонија со неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ владее целосен хаос и народот е сосема во право кога вели дека немаме држава, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив. Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански. Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа. Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи, порача Божиновски.

Тој праша дали како предавничка власт ги казнуваат охриѓани затоа што доживеале катастрофален пораз на локалните избори и за тоталното фијаско кое им следува.

– Кажете што ветивте и што реализиравте како проект за бенефит на охриѓани? По изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекинеме агонијата на автопатот и се обврзуваме со силно темпо и ангажираност до крајот на 2026 година да биде пуштен во употреба. Охриѓани веќе јасно се одлучни за промени и на централната власт.  Затоа важно е да ги поразиме токму заедно со народот. Да ги поразиме затоа што Македонија заслужува подобро. Никогаш не било полошо, важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата, потенцираше Божиноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука