ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лажни дојави на бомби утрово во Охрид, пријавени во ОУ„ Братство единство“ и деловни објекти во индустриската зона

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во неколку деловни објекти во индустриската зона, како и во ОУ „Братство единство“ во Охрид, утрово се добиени лажни дојави на бомби.

По дојавата, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на Градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко продолжил работниот процес. Евакуирани биле и учениците во Основното општинско училиште „Братство единство“.

Од СВР Охрид се преземени сите неопходни мерки и утврдено било дека нема основаност во добиените дојави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука