ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Лажни се дојавите за поставени бомби на пет локации во Охрид

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 28-ми февруари 2024 година, околу 10:00 часот е пријавено дека се поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид.

– СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука