Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за охриѓанец, обвинет дека му продал кокаин на друго лице

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– На 21-ви мај 2023 година, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на друго лице, при што пронашле кокаин, кој го набавил од пријавениот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука