Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 26 лица во Охрид и 21 во Струга кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми февруари 2024 година, во периодот од 09:00 до 15:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 55 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената од кои 26 во Охрид, 21 во Струга и по 4 во Кичево и Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука