Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања, истекува рокот за пријавување

Охрид, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.

Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2023 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на улицата „Димитар Влахов“ бр. 52, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

– Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања. Крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е денеска, 1. март 2024 година. Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март, информираат од Црвен крст Охрид, од каде изразуваат огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука