Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР воведе online закажување термин за фотографирање за лични документи

Скопје, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера е воведена уште една нова секција на веб порталот која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

– Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок, стои во известувањето.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука