Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде бела прашкаста материја во возило на млад охриѓанец

Охрид, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви март 2024 година, во 23:10 часот, во близина на охридското село Опеница, приведено е 23-годишно лице од Охрид.

– При преглед во моторно возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки што, тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука