Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Во станот во кој престојувал, пронајден мртов 63-годишен охриѓанец

Охрид, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви март 2024 година, во 14:35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во стан во Охрид, лоциран на улицата „Даме Груев“, во кој престојувал, било пронајдено починато 63-годишно лице од Охрид.

– Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука