Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и релативно топло време со умерена облачност и температура до 14. степени

Охрид, 3. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на нов влажен бран утре попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни (над 25 l/m2) и поројни. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука