Гостивар, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Политичките партии од коалицијата „Вреди“, на митинг во Гостивар, вечерва го промовираа Арбен Таравари за кандидат за претседател.
На партиската конвенција под мотото „Народот на прво место“ тој посочи дека ќе биде поинаков претседател на сите граѓани и најави дека ќе се ангажира за избор на претседател во Собрание, уставните измени и бришење на терминот 20 проценти. Таравари најави дека ќе се бори за слобода, еднаквост и хармонија, бидејќи како што рече, народот е на прво место, јави порталот radiogostivar.com.
– Оваа кандидатура е одговорност, но и најголема привилегија што сум ја имал во животот. На секој од вас што дојде, многу ви благодарам, бидејќи вие сте мојата сила. Јас сум доктор 26 години, мојот профил како невролог ме освести за грижите на луѓето, кои доаѓаат од неправеден систем. Јас ќе бидам претседател на народот и на народот. Јас како претседател предложен од коалицијата „Вреди“ ќе бидам апсолутен победник во албанскиот табор, рече Таравари.
Во спортската сала „Младост“ пред симпатизерите и членови на партиите Алтернатива, Демократско движење и Беса зборува лидерите Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити и во говорите посочија зошто Таравари треба да ја добие поддршката на претседателските избори. (Крај)
извор: Зоран Маџоски фото: архива