Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Прво и второ место за ученички од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид на регионалната олимпијада по германски јазик

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученички од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид ги освоија најдобрите две места на на регионалната олимпијада по германски јазик, која се одржа неодамна.

– Благодарност на ученичките за желбата за изучување на германскиот јазик и постигнатите резултати на Регионалната олимпијада 2024 кои на 24.2.2024 година ги постигнаа следниве резултати. Прва награда за Ивана Богданоска од I-3 и втора награда за Ана Танеска, ученичка од I-2 одделение, под менторство на проф. Цветанка Дамчевска, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Од училиштето испраќаат благодарност до сите колеги и директорот Ристе Јанкоски, без чија несебична поддршка целиот овој настан не би бил возможен.

– Покажавме и докажавме дека заедно можеме да целиме повисоко и подалеку, додаваат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука