Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид, како овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Македонија, организира обука за негувател/ка на стари лица.

– Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица. Заинтересираните полнолетни кандидати ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или во напите простории, информираат од Црвен крст Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати ќе биде отворен од 4-ти до 15-ти март 2024 година.

– Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за помош и нега на стари лица и се стекнат со високообразовен сертификат за негувател/ка. Со тоа стануваат дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега и добиваат можност за вработување, додаваат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука