Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Смејте се повеќе за да живеете подолго

Вашингтон, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Насмевката и позитивниот став го продолжува животот, покажаа резултатите од глобално истражување, спроведено во период од полни 15 години.Тајната е во добрата состојба на кардиоваскуларниот систем на луѓето кои почесто се насмевнуваат или се радуваат.Научниците ја анализирале здравствената состојба на 5.100 доброволци на возраст од 45-84 години. 38% од нив биле белци, 28% Афроамериканци, 22% Латиноамериканци и 12% биле од Југоисточна Азија, сите поделени во две групи експериментална и контролна. Групите биле приближно еднакви по параметри како средна возраст, раса, националност, начин на живот, физичката активност, образование и приходи.Во текот на истражувањето биле земени во предвид и фактори како масата на телото, количината холестерол и нивото на гликоза во крвта, крвниот притисок. Учесниците пополниле и анкетни листови со прашања за тоа каков тим личност се оптимист или песимист.На крајот било утврдено дека показателите кај оптимистите биле за 50-76% подобри отколку кај песимистите, а веројатноста од кардиоваскуларни болести речиси два пати помала. (Крај)извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука