Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Многубројните маченици во Евгениjа близу Цариград

Охрид, 6. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Многубројните маченици во Евгениjа близу Цариград.

Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф.

Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука