Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и за дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење денеска пред пратениците

Скопје, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници – 138-та 140-та и 145-та.

Во рамки на 145-та седница, пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, и двата на прво читање, и Предлог на Националната развојна стратегија 2024-2044.

На оваа седница е и Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM Green Tech, Митилинеос когенеративна постројка Скопје, соларна електрична централа Пехчево, сите по скратена постапка. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука