Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 13. степени

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Утре и во вторник на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни( над 20л/м2) проследени со грмежи. Утре ќе дува засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува брзина од 70км/ч. Потоа и во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука