Забава Избор

„Лажни светови“, нов сингл за Бојана Скендеровски

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Врати спомени, излажи ме пак по сто пати“, пее Бојана Скендеровски кој ја сними новата песна „Лажни светови“.

Станува збор за емотивна балада која ја потпишува Александар Тарабунов – Тара, како автор на музиката и текстот, а за аранжманот се погрижи Димитар Андоновски.

Бојана неодамна ја обработи и култната песна „Заветна“ како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука