Избор Свет

За да го заштити централниот плоштад оптоварен со туристи и продавачи, Севиља ќе почне да наплаќа такса

Севиља, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Туристите во јужниот шпански град Севиља наскоро ќе треба да платат такса за да го посетат Плоштадот на Шпанија (Plaza de Espana), соопшти Градското собрание, како дел од плановите за контрола на преоптовареноста со туристи на јавен простор.

– Планираме да го затвориме Плоштадот и да им наплаќаме на туристите, кои така ќе го финансираат неговото зачувување и плус ќе ја осигураме неговата безбедност, напиша градоначалникот Хосе Луис Санс на Икс.

Тој објави и видео од Плоштадот на кој недостасуваат плочки, има оштетени огради и голем број улични продавачи запоседнати по скали.

Илјадници туристи од цел свет секојдневно го посетуваат Плоштадот, пешки или се возат со кочии. Плоштадот е дел од комплекс изграден во 1929, кој во 1999 беше искористен како сет за филмот „Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомска закана“.

Иако Санс кажа дека локалното население ќе има бесплатен пристап, многумина корисници на Икс, вклучително и оние од Севиља, го критикуваа планот на градските власти.

Со повеќе од три милиони туристи годишно и население од 700.000 жители, Севиља е третиот најпосетуван град во Шпанија. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука