Забава Избор

Били Ајлиш e најмладата личност која освоила два Оскари

Лос Анџелес, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Американската пејачка Били Ајлиш (22) стана најмладата личност која освоила два Оскари, откако на синоќешната церемонија ја доби наградата за најдобра авторска песна во филмот „Барби“.

Ајлиш на тој начин го собори рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936 година на 26-годишна возраст го освои Оскар за најдобра женска улога, а потоа истата награда ја освои во 1937 година.

Рекордот на Рајнер го собори и музичарот Финес О’Конел (26), кој заедно со неговата сестра Били Ајлиш освоија два Оскари и со тоа станаа втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда, пренесува АП.

Били Ајлиш и Финес оваа година освоија Оскар за песната „What Was I Made For?“, а првиот Оскар го добија во 2020 година за песната „No Time to Die“ од филмот за Џејмс Бонд. (Крај)

извор: А1ОН фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука