Забава Избор

Слаткар, Тони Зен, 2Бона и Антониа Гиговска заеднички на „Sugar“ (Видео)

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Sugar“ е насловена новата песна на дел од најпознатите имиња на македонската Hip Hop & RNB сцена – Слаткар, Тони Зен и 2Бона.

На песната дел од вокалите ги пее и Антониа Гиговска, а веднаш по објавувањето, синглот е пропратен со позитивни критики од слушателите од целиот Балкан.

Песната е и најава за двата концерти кои Слаткар ќе ги одржи во Skopje Event Center на 16-ти и 22-ри март, како дел од одбележувањето на 15 години од издавањето на неговиот албум „Слаткаристика будало“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука