Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 17-ти март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РМ, од Црвен крст Охрид упатуваат искрени честитки, благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го унапредиле развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.

Во петок, на 15-ти март 2024 година, со почеток во 13:00 часот ќе се доделат признанија на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.

– Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажуваат нашите крводарители преку доброволно дарување крв, придонесува да бидат спасени многу човечки животи, потенцираат од Црвен крст Охрид, од каде испраќаат особена благодарност до медиумите за придонесот во унапредување и развој на крводарителството во Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука