Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Телото се обновува по престанокот со пушење

Лондон, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите кои се обиделе, знаат дека престанувањето со пушење на цигари е тешко, пред се’ поради опасноста од повторно враќање кон оваа штетна навика.

Сепак, бенифитите од ова се огромни, а ефектите започнуваат во моментот кога ќе се изгасне последната цигара.

Крвниот притисок се враќа во нормални граници, а нивото на јаглероден моноксид во крвта се преполовува, додека нивото на кислород се враќа во нормала.

По само две недели од гасењето на последната цигара се подобрува и зголемува циркулацијата, а тоа продолжува и во текот на наредните 10 недели. За 1 година ризикот од срцев удар опаѓа на половина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука