Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Македонија

Подгорица, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Црна гора рано утрово, околу 04:06 часот.

Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија соопшти дека епицентарот бил на пет километри од градот Чараѓе во општина Плужин на длабочина од 10 километри.

– Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината, овој земјотрес можел да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје, се вели во официјалното соопштение.

Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на околу 72 километри од Подгорица и 28 километри од Никшиќ.

Беше почувствуван и повеќе градови во Република Македонија.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14-ти март 2024 година, во 04:06 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. На територијата на нашата Република, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката – Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, – Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука