Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Чист Понеделник, започнаа Велигденски пости

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашниот празник Прочка кога помладите побараа прошка од постарите, а сите побараа од Бог да им ги прости гревовите, верниците исчистени од гревовите продолжуваат со постат.

Денес е Чист Понеделник, со кој за православните верници започнуваат големите Велигденски пости.

Денешниот ден Чист Понеделник е ден во кој според традицијата се чистат домовите, а посебно се обрнува внимание да бидат чисти садовите за јадење.

Верниците посебно чисти треба да се чуваат за време на велигденските пости, бидејќи се подготвуваат за најголемиот празник, Велигден.

Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили. Тој е сила во давање отпор во духовната немоќ за да се постигне врвната цел на христијанскиот живот. Велигденските пости или светата четириесетница се најдолгите пости. Велигденскиот пост е воспоставен во православната црква во чест и слава на страданието на нашиот Господ, неговото распнување и воскресението со кое ја победи смртта.

Преку постот ја зацврстуваме волјата која му дава можност на духот да владее со телото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука