Забава Избор

SUPER Fresh music: Liam Payne – Teardrops

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Liam Payne од поп-сензацијата One Direction, ја објави песната „Teardrops“, сингл со кој тој се навраќа на своите емоции и ги илустрира чувствата кои се јавуваат во првите денови по раскинувањето со саканата личност.

Песната, на која работеше продуцентот Jamie Scott, го носи поп звукот од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите.

– Текстот е за ранливоста што се буди во нас кога ни е скршено срцето и за сите предизвици што не мачат додека се бориме да го надминеме тоа чувство. Ова е сосема нов и важен почеток за мене и ветувам дека оваа година ќе дојдат секакви интересни работи, изјави музичарот.

Од почетокот на неговата соло кариера, Liam продаде три милиони албуми и 23 милиони синглови и моментално има повеќе од пет милијарди слушања на музичките платформи.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука