Избор Македонија

Вселенскиот патријарх испрати порака на македонски јазик за велигденските пости

Истанбул, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вселенскиот патријарх Вартоломеј објави огласително слово на македонски јазик пред почетокот на велигденските пости. На страницата на Вселенската патријаршија помеѓу словата на неколку  различни јазици стои и огласително слово на македонски.

Патријархот вселенски со зборовите сечесни браќа Архијереи и чеда благословени во Господа, вели во ова благословено време јасно се открива духовното богатство и динамиката на црковниот живот и спасителниот принос во сите свои пројави. Светата и велика четириесетница е време на благопријатно духовно, душевно и телесно очистување и вежбање преку постот, кој не смее да се почитува за да биде видено од луѓето вели патријархот и додава туку со простување на луѓето, исповест ќе бидат простени гревовите од Бога.

Многу се поучивме од безизлезната и самооправдувачка гордост на фарисејот, од неплодниот етицизам и жестокосрдечноста на постариот син од параболата за заблудениот, и од нечувствителноста и осудата на оние кои беа незаинтересирани за гладните, жедните, странците, голите, болните, и затворените „најмали браќа“ на Судијата. На сите нас ни се откри вредноста и моќта на смирението и покајанието, на простувањето и милосрдието, ставовите на чие негување Црквата настојчиво нè повикува во периодов што започнува“, стои, меѓу другото, во огласителното слово на Вартоломеј.

Прочка е последен ден кога се прават венчавки, крштевки, осветувања бидејќи во време на постот до Велигден, овие обреди црквата не ги извршува. Денес почнува најстрогиот пост кој ќе трае 48 дена се до празникот на воскреснувањето христово – Велигден. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука