Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Вечерва стенд АП митинг со Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски во Охрид

Охрид, 23. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Без притисоци и списоци, без телефонски повици и без сендвичи и комбиња!

Со овие пораки, „кандидатите“ Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски, пред преполната сала „Марко Цепенков“, од Прилеп ја започнаа својата кампања „За спас на Македонија!“

Префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Перформанс кој наиде на одличен прием кај пребирливата прилепска публика. Испратени со овации и голема поддршка во нивниот поход да го разубават бар за тие час и половина секојдневието во овие тешки времиња.

„Митингот“ во Охрид е следен на агендата. Ќе се одржи вечерва, сабота, 23-ти март 2024 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20:00 часот.

Билетите по цена од 400 денари можете да ги купите во А2 Тобако и Даблин паб. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука