Избор Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

СДСМ ги објави имињата на носителите на пратеничките листи, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојчевска

Скопје/Охрид, 24. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Собранието на Република Македонија Јован Митрески, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, ќе биде носител листата на СДСМ во петтата изборна единица на престојните парламентарни избори.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата на СДСМ во првата изборна единица, а ко-носителка ќе биде претседателката на ЛДП Моника Зајкова, беше одлучено на вчерашниот Конгрес на партијата.

Во втората изборна единица носител ќе биде Оливер Спасовски заедно со Фатмир Битиќи, во тројката потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревски, а ко-носител министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Во четвртата изборна единица носител ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а ко-носителка Јованка Тренчевска.

Во шестата изборна единица носителка ќе биде министерката за одбрана Славјанка Петровска, а втор на листата е Агрон Демири.

Пред Конгресот на партијата се одржаа седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата, на кои неофицијално имало незадоволство од листите и реакции од партиските членови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука