Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Секој петти жител во светот одбива да оди превентивно на лекар

Охрид, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секој петти жител во светот одбива да оди на редовни прегледи кај својот лекар од страв дека има некое заболување.

Стравот од резултатитe на тестовите и генерално од „лоши вести“ се главните причини луѓето да не посетуваат матичен доктор за редовни прегледи. Според експертите, бројни емоционални фактори влијаат на тоа дали редовно ќе го посетиме лекарот.

Во исто време, сепак, резултатите од истражувањето покажаа дека за 73% од луѓето прегледите се важни за рано утврдување на одредени болести, како болести на срцето и инфаркти и некои видови на тумори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука