Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со услови за локален дожд и температура до 10. степени

Охрид, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес умерено до значително облачно време. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука