Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Лошата организација на работните обврски води до дополнителен стрес

Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Милиони луѓе ширум светот имаат сериозен проблем со организацијата на животот и работата, што ги прави уморни, постојано под стрес и со вишок килограми.

Многумина чувствуваат дека недоволната организираност во работата ги води до лоша исхрана, ги спречува да прават доволно вежби и ги води до прекумерно пушење и пиење.

Студијата на британските научници покажала дека повеќе од 40% од испитаниците чувствуваат дека нивната работа има негативно влијание врз нивното здравје, бидејќи не можат добро да се организизираат и да ги усогласат приватните со работните обврски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука