Забава Избор

Yon Idy ја објави новата песна „Going Down“

Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот кантавтор Yon Idy ја објави новата песна „Going Down“, на која вели дека работел подолг период.

– Ова е мојата втора песна објавена во овој проект кој го завршив на крајот од минатата година. Дефинитивно е најразлична од сè што досега публиката беше навикната да слуша од мене, вели Yon.

Додава дека песната е напишана така што се менува цело време и засега можеби е и неговата омилена песна од ова EP кое го објавува.

– Како одминуваше времето, како созревав, сè почесто се пронаоѓав во песната, во самите зборови, во музиката, но токму затоа и претрпуваше толку измени, па сега можам да кажам и дека пеам за мое лично искуство. Затоа и толку ја сакам, веројатно, заради процесот и патувањето, како од емоционален, така и од инструментален аспект. Секогаш кога ќе се навратев на неа, нешто ново можев да додадам и секогаш новото значеше подобрување на целиот пакет. Се надевам и слушателите ќе можат да го почуствуваат истото кога ќе ја слушнат, вели Yon. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука