Забава Избор

Стружанецот Славчо Крежески ја објави новата песна „Одведи ме дома“

Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст, со корени од соседна Струга, но подолг период живее и работи надвор од Македонија.

– Потекнувам од музичко семејство во кое секогаш и’ се придавало значење на културата и уметностите, а посебно на убавата македонска песна. Мојот татко е гитарист, а своевремено беше и вокал во неколку музички групи кои гравитираа во поранешна Југославија и генерално тој ми ја пренесе љубовта кон музиката, вели Славчо.

Додава дека кога за прв пат ја слушнал неговата нова песна „Одведи ме дома“, му било јасно дека го прави вистинскиот избор.

Автори на песната се Кире Јакимов, задолжен за музиката и текстот и Дарко Андонов кој се погрижи за аранжманот и снимањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука